Сојот на коронавирусот кој што е откриен во Индија го испитуваат научници ширум светот, но сè уште не се знае колку се проширил и дали го предизвикал смртоносниот втор бран во Индија, но досега се знае дека има сличност со бразилскиот и јужноафриканскиот сој.
Вирусите мутираат постојано и прават различни соеви – поголемиот дел од нив се „безначајни“, некои соеви се дури и помалку опасни, но некои можат да бидат поопасни и позаразни, па исто така можат да ја направат и вакцината да биде помалку ефикасна во борбата со нив, пренесува BBC.
Откриен е во 220 од 361 примероци во месеците од јануари до март во западната индиска држава Махараштра, а во меѓувреме детектират е во уште 21 држава.
Најверојатно патниците го донеле индискиот сој во Велика Британија каде што се откриени 103 случаи од 22 февруари наваму, па поради тоа на поголемиот дел од патниците од Индија забрането им е да пристигнат во Велика Британија, а во меѓувреме тој сој на коронавирусот е откриен и во Белгија.
Британската служба за јавно здравје го означила индискиот сој како „еден од мутираните соеви на ковид под истрага“, но засега не го сметаат за доволно сериозен за да се класифицира како сој кој би предизвикал загриженост.
Научниците сè уште не знаат дали е позаразен или пак отпорен на вакцините.
Виролог од државниот Универзитет во американската држава Луизијата, Џереми Кејмил, вели дека една од неговите мутации е слична со оние кои што се забележани кај јужноафриканскиот и бразилскиот сој.
Токму таа мутација може да помогне вирусот да ги „избегне“ антителата од имуниот систем кои што се создадени со вакцина или пак преку прележување на Ковид-19.
„Не верувам дека индискиот сој е позаразен од британскиот сој и не смееме да паничиме“, изјавил Кејмил.
Зголемениот број на заболени луѓе во Индија би можел да се поврзе со големите собири, а недостаток на превентива, како и недостаток на превентивни мерки и неносење на заштитни маски, односно отстапување од правилото социјална дистанца.
Научниците веруваат дека постоечките вакцини ќе помогнат овој сој да се запре во предизвикување на потежок облик на болеста.
Министерството за здравство во Израел каде што биле откриени најмалку осум случаи на „двојниот сој“, сооштило дека вакцините на Фајзер се делумно ефиканси против него.
Извор: Blic.rs