YouTube почна со испорака на ажурирања за своите iOS и Android апликации, кои на корисникот му пружаат поширок спектар на опции на подесувања на квалитетот на видеата.
Подесувањето за „higher picture quality“ ќе овозможи видеото да изгледа што е можно поостро. Меѓутоа, ова ќе троши и повеќе ресурси од другите опции. Од друга страна, „data saver” подесувањето ќе помогне да се прошират ресурсите за податоци, но тоа ќе влијае на послабата верност на приказ на сликата.
Споменатите подесувања се приклучуваат на постоечките, како што е Auto, кој автоматски го подесува квалитетот на видеата во зависност од конекцијата. Можно е и рачно бирање на резолуцијата до 4K HDR, но тоа ќе мора да се извршува за секое поединечно видео кое ќе се прегледа.
YouTube додаде и подесувања за квалитетот на видеата како серверско ажурирање. Корисникот нема да мора да ја инсталира најновата верзија на апликацијата за да пристапи до новите подесувања, но тоа се препорачува за да се добијат оптимални перформанси.