Huawei на својот сајт во Кина го наведе Huawei Mate X2 4G телефонот со флексибилен екран, сугерирајќи дека објавата на уредот е многу блиску.
Mate X2 4G ќе користи 6,45-инчен OLED дисплеј, со резолуција од 2700 x 1160 пиксели и 90Hz освежување. Кога ќе се расклопи, внатрешниот екран нуди дијагонала од осум инчи, со 2480 x 2200p резолуција и 90Hz освежување.
На задната страна, телефонот има систем со четири камери, кои ги предводи 50MP RYYB главен сензор со оптичка стабилизација на сликата и поддршка за 4K снимање видео. Преостанатите камери се 8MP перископ со 10x оптичко зумирање и OIS стабилизација, 12MP телефото, 16MP ултраширок модул кој служи и како макро камера. Секундарниот дисплеј има и 16MP камера за селфи и видео повици.
Huawei Mate X2 ќе го покренува HiSilicon Kirin 9000 чипсет, а на полето на меморија ќе има 8GB RAM и опции од 256GB и 512GB простор за складирање. Уредот ќе го напојува батерија со капацитет 4500mAh, со поддршка за 55W брзо полнење.