Apple својата годишната конференција за програмери ќе ја одржи од 7 до 11 јуни, кога се очекува компанијата да ги претстави новите верзии на своите мобилни оперативни системи: iOS 15 и iPadOS 15.
Гласините сугерираат дека со iOS 15, Apple ќе воведе нова функција, која ќе ви овозможи да подесување на различни приоритети за известувањата во зависност од актуелниот статус, како и лесно ажурирање на овие статуси од заклучениот екран или Control Center. Гласовниот асистент Siri може да се користи за брзо менување на статусот, како што се driving, working, sleeping или некоја прилагодена категорија.
За секој статус ќе биде можно да се избере на кој начин уредот да ве известува. Ќе постои и можност за подесување на автоматски одговори на пораките во зависност од актуелниот статус на корисникот.
Ќе има и некои подобрувања за iMessage, што ќе ја направи услугата повеќе како социјална мрежа, но засега нема премногу детали за оваа опција.
Кога станува збор за iPadOS 15, платформата за таблет уредите треба да поддржува виџети на почетниот екран, кои беа додадени во iOS 14 минатата година, а сега конечно пристигнуваат и на iPad уредите. Корисниците ќе можат да поставуваат виџети било каде на почетниот екран, а со виџетите ќе може да се замени целата мрежа на апликации доколку тоа го посака корисникот.
На крајот, iOS 15 и iPadOS 15 би требало да имаат нова заштита на приватноста, вклучувајќи го и новото мени, кое покажува кои апликации незабележително собираат податоци за корисникот.
Поврзани артикли