Новите ажурирање за iPhone, iPad, Mac, Apple Watch и Apple TV уредите пристигнуваат наскоро, а Apple објави дека следните верзии на оперативните системи на компанијата – iOS 14.5, iPadOS 14.5, macOS 11.3, watchOS 7.4 и tvOS 14.5 – ќе бидат достапни следната недела.
Нема информации за точниот датум на објавување на секоја од овие надградби, но за нив се знаат некои информации благодарение на бета-тестовите.
Со iOS 14.5 и watchOS 7.4, корисниците на iPhone ќе можат да ги отклучуваат своите телефони со користење на спарен Apple Watch. Друга поголема функција е do-not-track, што ќе ги принуди апликациите да бараат информации од корисниците, за тоа дали сакаат да бидат следени.
Покрај тоа, iOS 14.5, iPadOS 14.5, macOS 11.3, watchOS 7.4 и tvOS 14.5 ќе ја имаат редизајнираната апликација Apple Podcasts, како и ажурираната Reminders апликација со помали измени.
За новите верзии на системот, стигнува и поддршката за PlayStation 5 и Xbox Series S/X контролерите. Apple истакна дека игрите ќе бидат уште поимерзивни на новиот iPad Pro таблет со M1 чип, со поддршка за контролерите од следната генерација.
Дополнително, над 200 нови емотикони и функции на пребарување во емотиконите пристигнуваат на iOS 14.5, iPadOS 14.5 и macOS 11.3. Apple Fitness+ ќе поддржува AirPlay 2 на iOS 14.5, iPadOS 14.5 и watchOS 7.4 верзиите. Тука е и поддршката за пет нови јазици со Apple Pencil Scribble на iPad OS 14.5.
Поврзани артикли