Научници открија нов вид диносаурус во пустина на северот на Чиле, објави BBC.
Остатоци од диносаурусот се пронајдени во пустината Атакама. Според експертите, диносаурусот имал мала глава, долг врат и необично рамен грб, а се хранел со билки.
Истражувањата покажаа дека живеел во некогаш бујното подрачје со зеленило, папрат и палми.
Тимот предводен од чилеанскиот геолог Карлос Аревало ги пронајде остатоците на диносаурус во деведесеттите години, истражувањата се извршени подоцна, а резултатите се објавени пред два дена во Cretaceous Research.
Остатоците откриваат дека диносаурусот бил млад, долг 6,3 метри. Наречен е Arackar licanantay што значи „коските од Атакама“ на Кунза јазикот.
Коските ќе бидат изложени во чилеанскиот Природнонаучен музеј.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли