Јапонската компанија Fujifilm објави дека ја започнала третата фаза на испитување на лекот „Авиган“ за употреба кај пациенти со Ковид-19.
„Новото испитување е насочено кон пациенти во раната фаза на болеста Ковид-19 кои имаат фактори на ризик за прогресија на сериозни симптоми“, се вели во соопштението на Fujifilm, пренесува Reuters.
Одобрувањето на употребата на овој лек против Ковид-19 во Јапонија беше одложено откако советот на Министерството за здравство објави во декември дека податоците од клиничките испитувања не се конечни.
Поврзани артикли