Honor V40 беше претставен во Кина во текот на јануари, а се очекуваше глобално да пристигне како Honor 40. Сепак, ексклузивните инсајдерски информации до кој дојде сајтот GSM Arena, сугерираат поинаку.
Според наводите, компанијата веднаш ќе се префрли на Honor 50 серијата, која се очекува во текот на мај. Објавена е и тизер фотографија, која сè уште не е официјално споделена, но на неа е видлив кружен систем на камери (со уште еден круг кој делумно се гледа подолу).
Тука се и скиците за дизајн, кои ја покажуваат задната страна на телефонот. Системот на камери ќе има два круга – слично на дизајнот што го видовме на рендерите за Huawei P50. Интересно е што горниот круг има само еден објектив, додека во долниот круг се сместени два модула за камерата. Меѓу нив се наоѓа и LED блицот.
Останува да се види конечниот дизајн што ќе го имплементира Honor 50, а тука се и други прашања во врска со хардверот, како и софтверската поддршка (дали ќе има поддршка за Google Mobile Services). Повеќе детали се очекуваат во претстојниот период.
Поврзани артикли