Социјалната мрежа Facebook објави дека корисниците ќе можат да слушаат подкасти директно од нејзината апликацијата во следните месеци.
Facebook воведува нови можности во време кога пазарот за аудио формати експлодира за време на пандемијата, од подкасти до платформата Clubhouse.
Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и пуштање подкасти.
Facebook ќе додаде и алатки за создавање аудио содржина, кратки аудио формати и пред се „простории за разговор“, звучни и во живо (Live audio rooms), инспирирани од успехот на Clubhouse, каде корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.
Брзото ширење на апликацијата Clubhouse, стара само една година, го покажа потенцијалот на услугата за аудио разговор, особено додека луѓето остануваа дома за време на пандемијата од Ковид-19.
Извор: Telegraf.rs