Poco ќе објави нова варијанта на Poco M2 телефонот, која се очекува на 21 април, а ќе се вика Poco M2 Reloaded. Телефонот во голема мерка ќе ги дели спецификациите со сегашниот Poco M2 модел, но ќе има нова конфигурација на меморија.
За разлика од Poco M2, кој е достапен во 6GB+64GB и 6GB+128GB конфигурации на меморија, Poco M2 Reloaded ќе има намалена варијанта од 4GB + 64 GB. Тоа значи дека телефонот ќе има уште пониска цена од стандардниот модел.
Останатите спецификации на Poco M2 Reloaded моделот не се познати, но доколку биде заснован на стандардниот модел, се очекува 6,53-инчен LCD-екран со Corning Gorilla 3 заштита и FHD+ резолуција. Телефонот го покренува Helio G80 чипсет.
Од камерите на задната страна присутни се 13MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина, додека од предната страна се наоѓа 8MP селфи камера.
Поврзани артикли