Додека повеќе земји во светот ја забрануваат или ја ограничуваат употребата на вакцината на „АстраЗенека“, се појавија студии кои ги доведуваат во прашање аргументите за тоа.

Имено, неколку земји ја забранија вакцината на „АстраЗенека“ откако се појавија сериозни нуспојави, вклучувајќи го и згрутчувањето на крвта. Но, истражувањето кое го спроведе угледниот британски Универзитет Оксфорд (Универзитетот соработуваше со шведската компанија „АстраЗенека“ во развојот на оваа вакцина), заклучува дека кај американските вакцини „Фајзер“ и „Модерна“, згрутчување на крвта се појавува дури 30 пати почесто.

Тромбозата која потенцијално може да биде смртоносна е за 30 пати почеста кај луѓето кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“, стои во истражувањето. Како што соопштија од Универзитетот Оксфорд, згрутчување на крвта се јавува кај 1,6 случаи на милион луѓе кои ја примаат вакцината на „АстраЗенека“. Истовремено, кај вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ таа бројка изнесува 44,9.

Според аналитичарите, постои можност „некој“ намерно да ја поткопува вакцината на „АстраЗенека“ со цел да се отвори простор во Европа за американските вакцини, односно за “mRNA” вакцините кои делуваат на поинаков начин од „класичната“ вакцина каква што е на „АстраЗенека“.