Претходно се појавија информации за тоа дека првиот двојно-флексибилен уред на Samsung ќе пристигне оваа година. Сепак, дојавувачот Yogesh тврди дека овој уред всушност ќе биде претставен во текот на првиот квартал од 2022 година. Се очекува дека ова ќе биде Galaxy Z Fold Tab – првиот таблет на Samsung со флексибилен екран.
Логично е што уредот што се превиткува на три дела ќе биде таблет. Актуелните флексибилни модели веќе спаѓаат во големи уреди, дури и кога се преклопени/затворени, така што зголемувањето на големината на свитканиот дел бара дополнително превиткување на дисплејот. Меѓутоа, форматот на ваквиот уред е сè уште мистерија.
Samsung во меѓувреме ќе ги претстави Galaxy Z Fold3 и Z Flip2, а Z Fold3 посебно ќе послужи како тест основа за објава на моделот Galaxy Z Fold Tab. Z Fold3 ќе имплементира и Ultra Thin Glass (UTG), кој ќе биде подебел и поиздржлив. Galaxy Z Fold Tab се очекува да има поддршка за UTG, но и за S Pen паметното пенкало.
Поврзани артикли