Двајца руски и еден астронаут на NASA денеска се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица.
Русите Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков и Американката Кејт Рубинс слетаа во степите на Казахстан на околу 150 километри од градот Жежказган.
Рубинс и Рижиков беа во втора мисија во вселената, додека Куд-Сверчков беше во првата мисија.
На снимката, објавена на Твитер, се гледа како Рубинс се смешка додека излегува од капсулата во која се спушти на Земјата.
Таа се враќа во Хјустон, додека нејзините колеги ќе заминат во Москва.