Извршниот директор на компанијата „Фајтер“, Алберт Боурла, изјави дека на луѓето „веројатно“ ќе им биде потребна трета доза од вакцината против коронавирусот во рок од 12 месеци, по примањето на втората доза.

Тој додаде и дека можно е дека ќе биде потребна вакцинацијата против коронавирусот на годишно ниво.

„Мора да видиме како ќе се развиваат работите и колку често ќе мора да се вакцинираме. Значи, тоа допрва треба да го видиме. Најверојатно е сценариото дека ќе ни биде потребна и трета доза од вакцината, некаде меѓу 6 и 12 месеци по примањето на втората доза, а потоа ќе треба да се воведе и годишна ревакцинација. Но, сето тоа сè уште треба да се потврди. И секако, новите соеви на коронавирусот ќе имаат важна улога во тоа“, изјави Боурла за CNBC.

Извршниот директор на компанијата „Johnson & Johnson“, Алекс Гроски изјави дека луѓето секоја година ќе се вакцинираат против Ковид-19, баш како што е тоа случај и со останатите грипови.

Имено, научниците сè уште во целост не се сигурни колку долго штитат вакцините. Од компанијата „Фајтер“ изјавија дека нивната вакцина против Ковид-19 е делотворна шест месеци по примањето на втората доза и тоа со 91 отсто заштита и 95 отсто заштита од потежок облик на болеста. Се покажало и дека ефикасноста на вакцината Модерна која што користи слична технологија како и „Фајзер“ е многу ефикасна во период од половина година.

Дејвид Кеслер, научен советник за Ковид-19 од администрацијата на Бајден, денес изјавил дека Американците треба да очекуваат дополнителна доза од вакцината за да се заштитат и од останатите соеви на коронавирусот.

„Анализираме колку трае реакцијата на нашиот имун систем. Очигледно дека тој одговор е моќен, но тој со текот на времето се намалува и нема сомнеж дека новите соеви за него претставуваат предизвик. Мислам дека треба да знаеме дека можеби ќе ни биде потребно ‘зајакнување’“, вели Кеслер.