Корејскиот начин на подготовка на омлет го воодушеви интернетот. А трикот не е во состојките, туку во начинот на подготовка и послужување.

Станува збор за едноставен рецепт кој ќе ги претвори јајцата во вашето омилено јадење, дури и доколку не ги консумирате често.

Омлетот кој Корејците го нарекуваат “Торнадо” не се припрема на некој особено комплициран начин, но бара вежбање на техниката. Изматените јајца се пржат во многу жешка тава, а потоа кога ќе почнат да се лепат за тавата односно кога ќе се создаде првиот слој од омлетот, тој се врти со помош на стапчиња на начин на којшто јадете шпагети. Тоа се прави исклучително бавно за да можат да се испржат и течните делови.

Ваквиот омлет е готов кога повеќе нема течни делови. Корејците го послужуваат омлетот врз купче варен и зачинет ориз, а околу него ставаат сос од печурки или зеленчук.

Извор: Kurir.rs