Научниците во САД развија боја која е значително „побела од моментно белата боја”. Новата „ултра бела” боја е таква бидејќи содржи бариум сулфат, кој се користи и за производство на фото-хартија и козметика.
Тестовите спроведени од истражувачите на Универзитетот Пердју во Индијана врз нивната „ултра бела” боја покажаа дека таа рефлектира повеќе од 98 проценти од сончевата светлина.
Според научниците, тоа може да помогне во заштеда на енергија и борба против климатските промени, со помош на таканаречените ладни бели покриви, пренесува BBC.
Според главниот истражувач, професор Ксиулин Руануа, белите бои во комерцијалната продажба рефлектираат помеѓу 80 и 90 проценти од сончевата светлина.
„Ако ја користевте нашата боја за да покриете површина на покривот од околу 93 квадратни метри, претпоставуваме дека може да добиете моќ на ладење од 10 киловати. Тоа е помоќно од климатизерите што ги користат повеќето куќи“, рече тој.
Во Њујорк неодамна се обоени повеќе од 10 милиони квадратни метри покриви со бела боја. Калифорнија веќе ги ажурираше градежните прописи за промовирање на таканаречените „ладни” покриви.
Нивните придобивки сè уште се истражуваат, но студиите покажаа дека тие можат да ги намалат енергетските потреби и да создадат пониски температури на околината.
Извор: Klix.ba