Од третата генерација Samsung Galaxy Fold флексибилниот телефон се очекува конечно да овозможи поддршка за S Pen. Во текот на изминатата година имавме можност да видиме голем број гласини, како и пријави за патенти кои укажуваат на поддршка за стајлус.
Новиот извештај од Јужна Кореја укажува на структуралните предизвици со кои Samsung морал да се соочи за да го имплементира S Pen во претстојниот флексибилен уред. Првичниот план беше во смартфонот да се вметне слот за S Pen, како кај Galaxy Note серијата, но се чини дека оваа опција повеќе не е актуелна, бидејќи Z Fold3 нема да има доволно простор.
Неодамнешните извештаи сугерираат дека Galaxy Z Fold3 ќе биде полесен и потенок од неговиот претходник, што дополнително ја намалува можноста за додавање посебен за вграденото паметно пенкало. Samsung веројатно ќе се одлучи за сличен пристап како Galaxy S21 Ultra, кој исто така има поддршка за S Pen, но пенкалцето се купува засебно и може да се смести во некои компатибилни футроли.
Galaxy Z Fold3, заедно со Galaxy Z Flip2 и Galaxy S21 FE, би требало да биде претставен во текот на втората половина на 2021 година. Телефонот се очекува да влезе во масовно производство во текот на јуни, додека официјално ќе биде претставен во периодот јули-август.
Поврзани артикли