Сондата InSight на Американската вселенска агенција NASA се наоѓа во големи проблеми, бидејќи ја „убива“ студот на Црвената планета.
Роботската сонда вредна 800 милиони долари слета на локацијата Elysium Planitia во 2018 година и детектираше над 500 земјотреси на Марс за време на неговиот живот. Благодарение на него, започнаа подетални истражувања за јадрото на оваа планета, а тој исто така проследи повеќе од 10.000 песочни бури на Марс.
Сепак, нејзината мисија би можело да заврши поради суровото и студено време на Марс. Сондата InSight моментално е во режим на хибернација бидејќи инженерите на НАСА се обидуваат да го продолжат неговиот животен век.
Локацијата на која се наоѓа лендерот не е изложена на силни налети на ветер во кои „ужива“ роверот Perseverance. Овие ветрови ја отстрануваат прашината од соларните панели на роботите на НАСА, така што без ветрови, прашината се акумулира и создава дебел слој што ја блокира сончевата светлина. Токму тоа се случи со InSight, па практично е невозможно лендерот да апсосрбира светлина за создавање нова енергија.
Во февруари, панелите на InSight собраа само 27 проценти од вкупниот енергетски капацитет. Инженерите намерно „му наредија“ на лендерот да влезе во режим на хибернација, што значи исклучување на разни инструменти секој ден. Сепак, наскоро ќе мора да ги исклучи сите функции кои не се неопходни за опстанок.
Сепак, има надеж затоа што прекинувањето на научните операции заштедува енергија за да може леталото да ги загрева своите системи и да ги преживее „смртоносно студените ноќи“ на Марс за време на кои температурата паѓа на минус 90 степени.
NASA соопшти дека количината на енергија во наредните месеци ќе зависи од времето. Во моментов, периодот на хибернација е на половина пат, InSight засега е стабилен, но постои ризик од фатална загуба на енергија. Ако му завршат батериите, тоа дефинитивно ќе биде неговиот крај.
NASA се надева дека ќе може да го оживее, особено ако не е „заспан“ или „мртов“ подолг временски период.
Инженерите планираат да продолжат со операциите на лендерот кога Марс ќе биде поблизу до Сонцето во јули годинава. Доколку ја преживее страшната зима на Марс, лендерот може да продолжи да ги следи земјотресите и да го проучува времето и во 2022 година.
Дополнителна опасност во оваа ситуација е можноста од ненадејна песочна бура во следните четири до пет месеци, при што би се насобрало уште повеќе прашина на соларните панели. За среќа, овој период не е сезона на бури.
Извор: Klix.ba