Sony објави ново софтверско ажурирање за PlayStation 5, истакнувајќи дека се работи за прва голема надградба на системот што ја добива конзолата. Компанијата потврди дека ажурирањето доаѓа со поддршка за USB складирање и голем број нови социјални карактеристики.
Меѓутоа, откриени се и некои нови функции кои претходно не беа објавени. Тука е HDR промената, што му овозможува на PlayStation 5 автоматски да го гаси HDR излезот кога ќе се открие содржина што не е HDR.
Покрај тоа, пристигнуваат и новите HDMI-CEC функции. Присутен е One-Touch Play што автоматски го вклучува телевизорот на корисникот и се префрлува на соодветниот влез кога ќе се вклучи PS5. Можно е и опцијата за засебно вклучување на Power Off Link, кој ќе го стави PS5 во „режим на мирување“, кога ќе се исклучи дисплејот поврзан на конзолата.
Sony додаде и поддршка од 120Hz за 1080p PC монитори, така што гејмерите можат да ги искористат предностите на повисоките фрејмови, доколку имаат монитор кој поддржува високи стапки на освежување.
Сето наведено пристигнува како додаток со главната карактеристика, која е имплементирана со најновата надградба, а тоа е поддршка за надворешниот USB простор за складирање, што ќе им овозможи на корисниците на PlayStation 5 да ги префрлаат своите игри помеѓу PlayStation 5 и компатибилните USB дискови.