Европската комисија (ЕК) планира да ја забрани употребата на вештачка интелигенција за следење луѓе и за проценка на нивното однесување, а во нацрт-законот кој ќе биде објавен следната недела, се вклучени заштитни мерки и претходно одобрување за употреба на вештачка интелигенција во апликациите кои се сметаат за високо ризични, а кои може да влијаат на здравјето, сигурноста, основните права и слободата на луѓето.
Истовремено се наведува дека како дел од нацрт-законот за европскиот пристап кон вештачката интелигенција, извршната власт на Европската Унија предлага забрана и на вештачката интелигенција која се користи за неселективен надзор кој генерализирано се применува на сите физички лица без разлика, но и дека таквата забрана нема да се применува на владите и јавните власти на ЕУ кога се спроведуваат со цел да се заштити јавната безбедност.
Според нацрт-законот, предвидени се парични казни за компаниите кои развиваат и продаваат забранети апликации за вештачка интелигенција, тие кои обезбедуваат лажни информации до властите или не сакаат да соработуваат со нив.
Европската комесарка за заштита на конкуренцијата и дигиталната политика на ЕУ, Маргaрет Вестагер нацрт-законот ќе го претстави на 21 април, а до тогаш текстот на законот е сè уште подложен на промени.
Извор: Ал Џазира Балканс