Моделите на iPhone за 2022 година ќе претрпат промени кога станува збор за камерите, а ќе се промени и самата понуда на телефоните на Apple.
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека iPhone Pro моделите следната година ќе добијат 48MP сензор за главната камера. Камерите од 48 мегапиксели се присутни кај Android уредите веќе неколку години, но оваа компонента ќе биде поголема од најголемиот дел од нив. Тоа ќе биде 1/1.3-инчен сензор со големина на пиксели од 1,25µm.
Тоа е помалку во однос на големината на 1,7µm пиксели кај iPhone 12 Pro Max, но Куо тврди дека еквивалентната големина на пиксели ќе изнесува 2,5µm кога сензорот ќе се користи за 12 мегапикселни фотографии. Аналитичарот додаде и дека сензорот од поголема резолуција ќе овозможи снимање на 8К видеа.
iPhone моделите идната година ќе имаат помали димензии, а Куо тврди дека во понудата повеќе нема да се наоѓа 5,4-инчниот Mini модел, додека Apple ќе ги задржи 6,1 и 6,7 инчните екрани за останатите модели.
Извор: Klix.ba