Американскиот технолошки гигант Microsoft ја најави аквизицијата на компанијата за вештачка интелигенција и технологија за говор Nuance за 19,7 милијарди долари, поради побарувачката за онлајн здравствени услуги во времето на пандемија.
„Технологијата на Nuance е широко користена во медицинските досиеја и во моментов се користи во повеќе од три четвртини од болниците во САД“, соопшти Microsoft. Износот на трансакцијата, исто така, го вклучува и нето долгот на Nuance.
„Аквизицијата директно ќе ја вметне нашата технологија во комуникацијата лекар-пациент, што е клучна за сите здравствени услуги и ќе ја прошири нашата лидерска улога во спроведувањето на AI во компанијата и биометриската безбедност“, рече извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела.
AI is technology’s most important priority, and healthcare is its most urgent application. Together with @NuanceInc, we will put advanced AI solutions into the hands of professionals to drive better decision-making and create more meaningful connections. https://t.co/ipdP6qZTx9
— Satya Nadella (@satyanadella) April 12, 2021
Nuance е познат по пионерската технологија за говор и учеството во проектот виртуелен асистент на Apple – Siri. По промената на деловната стратегија и продажбата на помалку профитабилни делови од бизнисот, компанијата се фокусира на здравствената заштита и деловната вештачка интелигенција.
Технологијата на Nuance во моментов ја користат повеќе од 55 проценти од лекарите и 75 проценти од радиолозите во САД. Microsoft соопшти дека договорот ќе го удвои својот потенцијален пазар на здравствена заштита до скоро 500 милијарди долари“.
По склучувањето на трансакцијата, Nuance ќе биде втора аквизиција на Microsoft по вредност, по LinkedIn за која издвои 26,2 милијарди долари во 2016 година. Кога е вклучен нето-долгот на Nuance, вкупната вредност на готовинската трансакција се проценува на 19,7 милијарди долари.