Русите ја прославија 60-годишнината од првиот лет со екипаж во вселената, подвиг на космонаутот и советски херој Јуриј Гагарин, кој останува една од најценетите личности во Русија.
По тој повод, рускиот претседател Владимир Путин отпатува за Енгелс, град на југот на земјата, на бреговите на Волга, до местото каде што слета Гагарин по историскиот лет и каде се наоѓа споменик на тој чин.
„Годишнината на вселенскиот лет е „ден на национална гордост“ за Русија, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Ракетата Восток со 27-годишниот Гагарин беше лансирана на 12 април 1961 година од космодром во Казахстан, тогаш дел од Советскиот сојуз.
Летот траеше само 108 минути, или една орбита околу Земјата.
Космонавты Роскосмоса Сергей Рыжиков, Сергей @KudSverchkov, Олег @Novitskiy_iss и Петр Дубров поздравляют с борта Международной космической станции всех землян с праздником, с Днём космонавтики! ??? #ДеньКосмонавтики #12апреля #Поехали pic.twitter.com/EcXMNhUgRN
— РОСКОСМОС (@roscosmos) April 11, 2021
Капсулата Восток е изложена во московскиот музеј за космонаутика, каде утре се отвора изложба за Гагарин. Посетителите ќе можат да ги видат документите, фотографиите и личните работи на Гагарин таму, од кои некои потекнуваат од неговото детство. Гагарин почина во 1968 година во авионска несреќа.
Поврзани артикли