Еден клик и ќе знаете дали Google ве следи на нов, поинаков начин.
FLoC е нова технологија која ќе ги замени „колачињата” (cookies) кои ги следат интернет корисниците и овозможуваат подoбро корисничко искуство, но и таргетирање со реклами кои треба да се од интерес на корисниците. Може да проверите едноставно дали сте дел од експериментот на прелистувачот Chrome на Google.
FLoC моментално е во експериментална фаза и би требало да овозможи нов тип на следење на интернет корисниците, кое ќе ги групира во поголеми групи ќе им пласира реклами.
Бидејќи корисниците сакаат да бидат сигурни, направен е сајт кој и официјално покажува дали сте дел од FLoC експерименталната фаза или не. Оваа проверка се однесува исклучиво на оние корисници на интернет кои го користат Chrome прелистувачот.
Инаку, FLoC експериментот ќе трае до јуни или јули, а потоа до крајот на годината, FLoC би требало да биде воведена како нова технологија за сите корисници на прелистувачот.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли