Без оглед на тоа зошто сакате да блокирате нечии повици, Android системот нуди решение во рамките на својата апликација за повици и неколку трикови скриени во поставките.
Несаканите повици се дефинитивно една од поиритирачките несакани ефекти од животот во дигиталната ера, но секогаш е можно да се блокира нечиј број.
Користете го Google за да блокирате повици
Android доаѓа со вградена опција за забрана на повици што е ефикасна ако постојано ви ѕвони истиот број. Така се блокира повикот на „чист“ Android 11, но можно е кај вас да се разликува малку процесот поради различните производители и нивните варијанти.
Ако вашиот смартфон ја нема оваа опција, ви предлагаме да ја инсталирате апликацијата Google Phone.
За да блокирате број што неодамна ве барал, отворете ја апликацијата Phone и префрлете се на листата со последни повици. Таму, притиснете и држете го прстот на бројот и во менито што се појавува, изберете Block/report spam.
Можете да го блокирате посакуваниот број и да го пријавите како спам – ако го блокирате бројот од приватни причини, полето за спам можеби не е потребно. Откако ќе одлучите што сакате, притиснете Block и тоа е тоа.
Ако сакате да блокирате број што не е на листата последни повици, притиснете ги трите точки во горниот десен агол и потоа изберете Settings. Пронајдете и изберете Blocked numbers во листата и таму ќе ги видите сите броеви што сте ги блокирале.
За да додадете блокиран број, изберете Add a number. Ако сакате да блокирате повици обележани како Private, Unidentified или нешто слично, само активирајте Unknown. Бидете претпазливи да не ги блокирате автоматски сите повици од броеви што ги нема во вашиот именик.
„Caller ID and Spam“ во апликацијата Phone
Постои уште едно мени што би можеле да го посетите ако ви досадуваат несакани повици на Android: Caller ID & spam, што се наоѓа во Settings. Таму можете да најдете многу опции што можат да ви помогнат да препознаете спам.
Вклучете ја опцијата See caller and spam ID и вашиот уред ќе ги прикаже информациите за повикувачот дури и ако го немате бројот во именик. Потоа, опцијата Filter Spam Calls автоматски ќе блокира повици за кои смета дека се спам.
Друга корисна опција е Verified Calls, со која Google означува проверени компании. Ако го поврзете вашиот телефон со профил на Google и ја овозможите оваа опција, Google ќе објасни зошто таа компанија ве повикува. На пример, ако порачате храна и ако ви се јави лицето за испорака, во повикот ќе стои „Вашата храна пристигна“ или нешто слично.
Извор: B92.net
Поврзани артикли