Samsung работи на унапредена верзија на својот Super-Wide 5K Odyssey G9 монитор, а моделот кој веќе сега е импресивен, ќе добие mini-LED дисплеј панел, со 1ms GTG одзив и преку 2000 Local-Dimming зони.
Според листингот, што го потврдува и од TFT Central, новиот Odyssey 49-инчен G9 S49AG95NC монитор на Samsung ќе има резолуција 5120 x 1440p (Dual-wide 1440p) и стапка на освежување од 240Hz, а ќе има поддршка за VESA DisplayHDR 2000 стандардот.
Покрај подобрените нивоа на максимална осветленост, мониторот ќе има и подобрен контраст. Mini-LED технологијата на Samsung го подобрува VA панелот на мониторот до 2048 Local-Dimming зони, за да му се овозможи на екранот да произведува потемни црни и посветли бели нијанси.
Новиот Samsung Odyssey G9 е наведен и како G-Sync компатибилен, овозможувајќи им на гејмерите да играат без цепење на екранот и подобрена флуидност. Како таков, мониторот е совршен за тркачки игри, стрелачки игри во прво лице и симулации.
Закривеноста од 1000R, на овој монитор му овозможува да биде подобен и за канцелариска употреба и како работна станица, со поддршка за режимите слика во слика и слика по слика.