Научниците од Институтот за теориска и експериментална физика при Руската акадмемија на науките створија единствен вид ткаенина за превивање на раните, која ја нарекоа вештачка кожа.
Таканаречената кожа се нанесува на раната за да се заштити од инфекции и физички оштетувања, а истовремено овозможува раст на клетките и осигурува раната да не стане премногу мокра или сува додека е под ткаенината.
Вештачката кожа е направена од колаген исполнет со дермални клетки, кои се нарекуваат фибробласти, и слој епителни клетки (кератоницити) кои наликуваат на човечка кожа. Овој тенок материјал го забрзува зацелувањето на раната, пишува Sputnik News.
Научниците изјавија дека е потребно два дена раната да зарасте, дури и ако станува збор за сериозна повреда.
Најсовремената технологија развиена е во рускиот град Пушчино, каде е седиштето на Институтот.
„Секоја година научниците кои работат во овој Институт постигнуваат десетина нови откритија во областа на биологијата, хемијата, физиката, фармацијата и други науки“ рече Екатерина Зиновиева, минстерка за иновации, индустрија и наука на Москва.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли