NASA објави „селфи“ кое го сними роверот Perseverance на Марс, а фотографијата се гледа и малиот хеликоптер Ingenuity.
Роверот користел роботска рака за да ја направи фотографијата, која всушност е споена од 62 единечни слики. Покрај Perseverance, во преден план, може да се види Ingenuity на растојание од околу четири метри.
Хеликоптерот тежок околу 1,8 килограми, треба да го изврши својот прв лет на Црвената планета во наредните денови. Се очекува да достигне надморска височина од околу три метри во првиот пробен лет, а потоа да остане на едно место околу триесет секунди пред да слета назад на површината на Марс.
Two bots, one selfie. Greetings from Jezero Crater, where I’ve taken my first selfie of the mission. I’m also watching the #MarsHelicopter Ingenuity as it gets ready for its first flight in a few days. Daring mighty things indeed.
Images: https://t.co/owLX2LaK52 pic.twitter.com/rTxDNK69rs
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) April 7, 2021
Тоа ќе биде првиот контролиран лет на друга планета.
Хеликоптерот се напојува со литиум-јонски батерии, а Ingenuity се очекува да направи уште неколку тест летови за околу еден месец.
Тој пристигна на Марс склопен во шасијата на роверот „Perseverance“ кон крајот на февруари по повеќе од 200 дена лет и поминати 472 милиони километри.