LG претходно оваа недела потврди дека го напушта пазарот на паметни телефони, а компанијата планира да го затвори бизнисот до крајот на јули. Компанијата во соопштението спомена дека актуелните смартфони ќе продолжат да добиваат ажурирања, но LG не појасни кои уреди ќе ги исполнуваат условите за надградба и колку ажурирања ќе ги добијат.

Во новото соопштение за медиуми, LG ја разјасни ситуацијата кога станува збор за софтверските ажурирања. Сите телефони на LG, објавени по 2019 година, од G и V серијата (како и минатогодишните Velvet и Wing модели), гарантирано ќе добијат три  Android ажурирања.

Кога станува збор за К серијата од средниот сегмент и LG Stylo, компанијата истакна дека ќе добијат две ажурирања на платформата.

LG посочи дека ќе продолжи со производство на телефони до крајот на вториот квартал оваа година, со цел да ги исполни договорните обврски кон снабдувачите и партнерите.

LG официјално потврди дека го гаси бизнисот со смартфони