Група истражувачи успеале да стигнат до американскиот уништувач кој бил потопен во Втората светска војна на Филипините на длабочина од 6.500 метри.
Никогаш претходно експедициите не оделе толку длабоко за да дојдат до некој потопен брод, пишува „Франс Прес“.
Тимот од истражувачите од технолошката компанија Каладан Океаник од Тексас во две осумчасовни нуркања успеал со специјална опрема да дојде до остатоците од 115 метри долгиот уништувач USS Johnston во близина на островот Самар во Пацификот. Го обиколиле бродот, го снимиле и фотографирале.
Бродот е потопен ма 25. октомври 1944-та година во текот на битката за Лејтскиот залив додека американските сили се бореле да ги ослободат Филипините, тогашна американска колонија, од јапонска окупација. Според податоците на американската морнарица, од 327 членови на екипажот, преживеале 141.
Локацијата на остатоците ја открила друга експедиција во 2019. година, но бродот бил далеку од дометот на нивната подморница на далечинско управување, на длабочина од 6.456 метри.
Just completed the deepest wreck dive in history, to find the main wreckage of the destroyer USS Johnston. We located the front 2/3 of the ship, upright and intact, at a depth of 6456 meters. Three of us across two dives surveyed the vessel and gave respects to her brave crew. pic.twitter.com/N1AuzHIi0b
— Victor Vescovo (@VictorVescovo) April 1, 2021
„Само што го завршивме најдлабокото нуркање во историјата за да го најдеме уништувачот USS Johnston”, објавил основачот на компанијата Виктор Весково.
„Лоциравме две третини од бродот, речиси недопрени. Ние тројца во текот на нуркањето го проучувавме бродот и оддадовме почит на неговиот храбар екипаж“, додал тој.
Така на бродот се уште се гледа бројот 557, а на место останале и топови, цевки за торпеда и бројни потпирачи за оружје.
Лидерот на тимот, историчарот Паркс Стивенсон, раскажал дека бродот бил изложен на непријателски оган од тогашниот најмоќен јапонски брод, воедно и најголем воен брод некогаш изграден, царскиот воен брод Јамато, но дека некое време успешно се бранел.
Весково вели дека сите собрани податоци ќе бидат пратени во американската морнарица.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли