Tinder е една од најпопуларните апликации за запознавање ширум светот, а кај нас исто така е застапена.
И додека се расправа околу тоа дали е можно да запознаете некој за сериозна врска преку оваа мрежа или не, пристигнуваат ‘добри’ вести, а тоа е дека Tinder се ‘срушил’. Поточно, оваа апликација не функционира како што треба во последно време.
Многу корисници се жалат на тоа дека имаат потешкотии да испратат и да примат пораки, објавија од „DownDetector“.
После вестите за овој проблем, следуваа и шеги од самите Tinder корисници, на другите социјални мрежи.
„Не сега кога конечно решив да ја пронајдам љубовта на мојот живот“, „Немојте сега, и онака немам што друго да правам“, се само некои од пораките, а како функционира апликацијата, најдобро знаат оние кои ја користат.
Дали и вие имате проблем со примање и испраќање на пораките од оваа апликација?