Нови податоци од Израел, во кој успешно се спроведе кампањата за вакцинација против коронавирус со вакцината на Фајзер/Бионтек, укажуваат на тоа дека со вакцинацијата на возрасните се штитат и невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.
Околу една третина од 1,95 милиони корисници на здравствените услуги на Макаби хелткеар сервис (MХС), сите над 16-годишна возраст, примиле барем една доза од вакцината до 30 јануари.
Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни лица, стапката на зараза кај невакцинираните корисници на МХС во истите заедници опаѓа – особено кај децата.
МХС е втор по големина систем на здравствена заштита во Израел.
„Иако забележаната заштита на невакцинирани лица поврзана со вакцинирање кај возрасни е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на изгледите за колективен имунитет и искоренување на болеста“, пишуваат истражувачите во студијата објавена на страницата medRxiv.
Поврзани артикли