Американската физичарка, која повеќе од четири месеци е во орбитата на Меѓународната вселенска станица, побарала да и го испратат омиленото белгиско сирење, објави порталот „Focus on Belgium“.
Ракетите со храна, гориво и опрема редовно ја снабдуваат Меѓународната вселенска станица, чиј екипаж е навикнат да прима само основна храна, често во сушена форма и невкусна.
Сепак, можни се исклучоци, а астронаутите понекогаш можат да го побараат своето омилено јадење.
Шанон Вокер, која сега е во орбитата на Земјата по втор пат, од декември двапати побарала да и го испратат белгиско сирење од фарма во Румбеке, Фландрија, кое е тврдо, зачинето, со големи зрна сол.
Производителот на тоа сирење, Луис-Филип Девер, рекол дека е воодушевен и горд бидејќи никогаш не ни помислувал дека неговиот производ ќе стигне до вселената.
Шенон Вокер била во вселената за прв пат во 2010 година, и останала 163 дена. Астронаутката од лани во ноември повторно е во орбитата на Земјата и треба да остане во Меѓународната вселенска станица и да работи 210 дена, скоро два месеци подолго од првиот пат.