Вакцините против коронавирусот може да се променат брзо во иднина доколку се појават нови видови, без спроведување на претклинички и клинички тестови, изјави генералниот директор на рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, Ринат Максјутов.
„Вакцините се формулираат годишно врз основа на податоците за циркулацијата на видовите на вирусот на грип со цел да се утврди дали е потребна промена“, рече Максјутов.
Тој додаде дека, во зависност од платформата што се користи против коронавирусот, промената може да се изврши брзо без да се повторат тестовите и за овој вирус.
„Реално, ситуацијата ќе биде појасна со текот на времето“, додаде овој експерт, објави ТАСС.
Претходно, Дарија Јегорова од истражувачкиот центар „Гамалеја“ изјави дека состојбата со мутации и видови на новиот коронавирус предизвикува голема загриженост кај научниците и дека е потребно постојано да се следи состојбата и да се провери ефикасноста на постојните вакцини.