Samsung го претстави Galaxy Tab A7 во септември минатата година, а сега јужнокорејската компанија подготвува Lite верзија на таблетот. Уредот се појави на фотографија, заедно со некои спецификации.
Дојавувачот Еван Блас (@evleaks) објави рендери од уредот, тврдејќи дека таблет уредот ќе користи Helio P22T чипсет и ќе има 3GB RAM меморија. Ќе го напојува батерија од 5100mAh, а наводно ќе поседува екран од 8,1 инчи. Ова не е во согласност со претходните информации, кои сугерираа дека Tab A7 Lite ќе има дисплеј од 8,7 инчи.
— WalkingCat (@_h0x0d_) February 18, 2021
Samsung Galaxy Tab A7 Lite ќе има камери од предната и задната страна, но моментно не е позната нивната резолуција.
Нема официјални информации за претстојниот таблет на Samsung, иако претходно протече промотивен материјал што сугерира дека Galaxy Tab A7 Lite ќе биде претставен во текот на јуни, заедно со Galaxy Tab S7 Lite моделот.