Xiaomi во текот на својата глобална презентација, покрај новите телефони, ја најави и Mi Smart Band 6 паметната нараквица, како Mi Smart Projector 2 Pro.
Xiaomi Mi Smart Band 6 го карактеризира 1.56-инчен AMOLED екран, кој има 326ppi и нуди приближно 50 проценти повеќе простор на дисплејот во однос на претходникот. Екранот има резолуција од 152 x 486 пиксели и нуди осветлување од 450 нита. Екранот е прекриен со калено стакло, со заштита од замастување и отпечатоци од прсти.
Паметната нараквица пристигнува со подобрени опции за следење на активноста, а поголема надградба претставува поддршката за мерење кислород во крвта (SpO2). Тука е и автоматската детекција за шест најчести начини на вежбање и низа здравствени функции, меѓу кои се мерење на SpO2, следење на отчукувањата на срцето, подобрени функции на следење на спиењето, нивоата на стрес и друго.
Mi Smart Band 6 има водоотпорност до 5 ATM, така што може да се користи во текот на пливање или нуркање. Пристигнува со силиконски ремени во неколку бои, а во продажба ќе се најде по цена од 45 евра.
Xiaomi претстави и свој проектор, под името Mi Smart Projector 2 Pro. Уредот го карактеризира извонреден квалитет на сликата, 1920 x 1080 FHD резолуција, висока осветленост до 1300 ANSI лумени и поддршка за HDR10. Проекторот ќе биде достапен по цена од 1000 евра.
Поврзани артикли