Минатата 2020 година се покажа како клучна година за растот на компјутерскиот сектор, во кој Huawei објави раст од 715,69% на годишно ниво во регионот на Централна и Источна Европа и скандинавските земји. Овој извонреден резултат се должи на 5-годишниот развој во компјутерскиот сектор и создавањето на брендот MateBook. Од летото 2020 година, мобилните компјутери со овој бренд успешно влегоа на македонскиот пазар со своите претставници Matebook X Pro, Matebook 13, Matebook D14 и Matebook D15.
Според Canalys, глобалниот пазар на компјутери ќе порасне за 8% во 2021 година, а лаптопите ќе останат движечка сила на овој раст. Развојот на Huawei и серијата Matebook е доказ за овој тренд. Компанијата ја прославува својата петта годишнина на овој пазар со интегрирана мобилна технологија и интелигентна интеракција помеѓу различни уреди и продолжува да поставува трендови во индустријата за компјутери. Иновациите во серијата вклучуваат прв ултралесен лаптоп на Huawei, FullView дисплеи, OneHop функција за директен безжичен пренос на содржина од паметен телефон на лаптоп, што во голема мера го олеснува преносот на големи датотеки со висококвалитетни фотографии и видеа и Multi-screen Collaboration – карактеристика со која паметниот телефон и лаптопот работат како целина и корисниците можат да добијат попогоден екран, камера, звучници итн., во многу апликации. Сите овие карактеристики се развиени како одговор на реалните потреби на корисниците, кои сè повеќе ги користат своите уреди за работа на далечина, обука, професионални апликации и висококвалитетни канали за забава.
„Изминатите пет години беа исполнети со многу големи и мали успеси, како и многу предизвици што нè стимулираа да бараме решенија за сите можни сценарија. Исклучително сме задоволни што ја преминавме границата помеѓу лаптоп и паметен телефон и обезбедивме можности што ги исполнуваат, па дури и ги надминуваат очекувањата на потрошувачите. Пет години во индустријата на компјутери е посебен момент за нас и одиме напред со MateBook серијата”, вели Џони Лиу, директор на PC дивизијата на Huawei за Централна, Источна и Северна Европа.
Насока за развој
Производите од Huawei MateBook серијата се клучна компонента на паметниот екосистем за сите сценарија, што е главна точка во развојот на Huawei. По 5 години во индустријата за компјутери, Huawei останува еден од иноваторите и доказ за тоа е секоја премиера на нови производи.