Израелскиот професор Ран Балицер објави дека Израел ќе се врати во нормалниот живот што постоел пред пандемијата на коронавирус уште пред да достигне колективен имунитет.
„Колективниот имунитет не е потребен за да се постигнат драматични резултати“, рече Балицер, директор на Институтот за истражување Клалит, на денот кога бројот на Израелци што примиле две дози од вакцината надмина 50 проценти, односно 4.656.000 од вкупно 9,3 милиони жители.
Тој смета дека колку повеќе се намалува бројот на новозаболени лица за еден ден, толку е поголем ефектот врз индиректната заштита.
„Кога се вакцинираат 60 проценти од популацијата, доволно е стапката на инфекција да се намали. Тоа, заедно со носењето маски и физичкото дистанцирање, ќе ја намали стапката на инфекција“, рече тој.
Во Израел една третина од населението е на возраст под 16 години и не може да прими вакцина сèдодека не се смета безбедна за децата.
Поврзани артикли