Apple изгледа работи на различни решенија кои ќе помогнат при проблемите со прегревање на лаптопите. Како што открива Patently Apple, патент на компанијата од Купертино укажува на лаптоп кој има продолжени ногарки. MacBook моделите моментно имаат нозе кои се фиксирани.
Идејата од овој патент сугерира дека овие нозе би можеле да се менуваат со извлекување или вовлекување од лаптопот на команда. Подигнувањето на лаптопот над површината ќе овозможи подобар проток на воздух под уредот, што ќе доведе до помало загревање, посебно при поинтензивна употреба.
Патентот сугерира и дека ова може да биде автоматизирана функција. Во зависност од внатрешната температура и брзината на вентилаторот, нозете на лаптопот би можеле да се извлекуваат автоматски кога е потребно повеќе ладење.
Apple во патентот истакнува дека оваа технологија ќе овозможи подобар проток на воздух без потреба за редизајн на термичките елементи во лаптопот.
Поврзани артикли