Вратите на летото во Европа се отвораат полека и тоа со крцкање, а оние што сакаат да поминат низ нив и да заминат на одмор среде постојаните ограничувања поради COVID-19, наскоро може да го имаат клучот во нивните раце. Иако границите најверојатно ќе останат затворени во наредните недели, Европската унија предлага воведување на дигитален зелен сертификат или „вакцинален пасош“ што ќе им овозможи на оние кои примиле одобрени фармацевтски производи против Ковид-19 или имаат антитела да патуваат слободно. Предвид доаѓаат и негативни резултати од тестовите.
Оваа мерка со нетрпение ја очекуваат најголемите европски туристички дестинации, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија и Грција, каде останаа големи буџетски дупки поради отсуството на посетители минатата година. Иако обременетата туристичка индустрија е воодушевена од планот, за кој Европската унија треба да гласа на крајот на март, постојат стравувања дека нерамномерната примена и снабдувањето со вакцината низ цела Европа може да значи дека некои земји ќе уживаат поголема слобода од другите.
Исто така, со оглед на тоа што некои демографски групи имаат предност во вакцинирањето, некои може да бидат принудени да останат дома и да гледаат со љубомора како постари граѓани, кои ќе ги примат двете дози на вакцини пред крајот на пролетта, одат на одмор во сончеви дестинации.
Загриженост поради бројни непознаници
Додека Европската комисија планира новиот зелен сертификат да биде само документ што ќе им овозможи на граѓаните без пречки да транзитираат преку европските граници, постои загриженост дека сертификатите ќе бидат потребни за влез во ресторани, барови и други места или настани. Иако Велика Британија нема да биде дел од програмата по Брегзит, успехот на вакцинацијата може да доведе до посебни договори со некои земји од ЕУ што ќе им овозможи на Британците да ги заобиколат сертификатите. Оние граѓани на ЕУ кои сè уште нема да бидат вакцинирани или не можат да се вакцинираат, би можеле да бидат тргнати настрана по враќањето во нормала, освен ако не се подложат на редовно тестирање, посочува CNN.
Навестување за ова веќе може да се види на море. Некои компании за крстарење рекламираат летни одмори што ќе им бидат достапни само на патниците кои можат да докажат дека се целосно вакцинирани. Незадоволството е неизбежно, велат некои коментатори.
– До летото, вакцинирани ќе бидат само луѓето постари од 50 години, па помладите ќе протестираат. Ова го зајакнува чувството на генерациска неправда создадена од заштеди, цени на станови и студентски заеми. Не би ја осудувал генерацијата Z за незадоволството, вели Кеј Мекинтош, поранешна уредничка на списанието Health Which? iWI Life.
Норберт Хиди, 24-годишен студент од Будимпешта, е еден од оние кои веројатно нема да патуваат никаде: Да бидам искрен, не е фер. Повеќето од нас нема да се вакцинираат до летото, така што нема да имаме можност да патуваме или да одиме во барови или ресторани. Постарата генерација е прва вакцинирана затоа што е изложена на поголем ризик, но тоа не значи дека треба да имаат повеќе права.
Брајан Јанг, директор на туристичката компанија G Adventures со седиште во Велика Британија, која нуди различни опции и патувања со траење од 18 до 30 дена, е уверен дека вакциналните пасоши ќе помогнат да се заживее глобалниот туризам, иако некои ќе ги пропуштат патувањата оваа година.
– Со оглед на тоа што меѓународните патувања беа скоро целосно запрени за една година, потребно е националните влади да работат заедно на единствено решение за отворање на границите. Најавата за вакцинации доведе до зголемување на довербата кај луѓето над 50 години. Иако предлозите за вакцинални пасоши претставуваат добро решение во смисла на доказ за примената вакцини, голем број туристи кои нема да бидат остануваат надвор од програмата, изјави Јанг за CNN Travel.
За некои тоа се одлични вести, за други не
Јанг вели дека одлуката на ЕУ да им обезбеди на невакцинираните лица здравствен пасош доколку имаат негативен тест за антигени ќе им помогне многу, но за некои и тоа би претставувало и пречка за патување.
– Воведувањето поевтини опции за тестирање е исто така потребно ако трошоците ги сноси потрошувачот. Тековната цена на ПЦР тестовивите ќе одврати некои патници, особено ако треба да бидат тестирани повеќе пати за време на едно патување, објаснува Јанг.
Доколку биде одобрен, дигиталниот зелен сертификат на ЕУ ќе важи во сите земји-членки на ЕУ, како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дигитално потпишан QR-код ќе се користи за заштита од фалсификување. Ќе го издаваат болници, центри за тестирање или здравствени власти, но податоците треба да бидат дигитално проверливи низ цела ЕУ. Ќе се издаваат сертификати за одобрени вакцини. Вакцинирани лица пред воведувањето на сертификатот или надвор од ЕУ исто така влегуваат во програмата. Се очекува сертификатите да бидат прифатени и надвор од Европската унија.
Сертификатот изгледа како златен билет, но во реалноста многу европски земји се уште се далеку од масовна примена. Стапките на инфекција упатуваат на трет бран низ целиот континент, што предизвикува нови блокирања во земји како Франција и Италија. Тековните спорови околу снабдувањето со вакцини и сомнежите во безбедноста на вакцините на AstraZeneca, за кои регулаторите велат дека се неосновани, ја забавија стапката на вакцинација, која секако веќе беше под нивото на напредните земји како Обединетото Кралство и Израел.
Во Унгарија, стапката на вакцинација е над просекот на ЕУ, а тамошните власти сметаат дека Европската комисија треба да посвети поголемо внимание на набавката на вакцините за целата Унија.
– Сметаме дека дебатата за сертификат е измислена дебата бидејќи никој од Брисел не очекува сертификати, од Брисел очекуваме вакцини. Би било пожелно Брисел да ги насочи своите активности кон оваа област”, рече Гергели Гулиас, шеф на канцеларијата на унгарскиот премиер .
Планот е сертификатот да се воведе до јуни
За планот за воведување сертификат потребна е поддршка од сите 27 земји-членки на ЕУ следната недела за да може да спроведе во јуни. Поради загриженоста на Белгија и Германија дека сертификатите можат да доведат до дискриминација, лидерите на Европската унија се обидоа да ја зајакнат довербата.
– Предлагаме заеднички пристап што ќе не води на патот кон нашата цел, повторно да ја отвориме ЕУ на безбеден, одржлив и предвидлив начин. Ситуацијата со вирусот во Европа останува многу предизвикувачка и довербата во донесените одлуки е клучна. Само со заеднички пристап, заснован врз транспарентни мерки и полни со взаемна доверба, можеме безбедно да се вратиме на слободното движење низ ЕУ, изјави Стела Киријакидес, европски комесар за здравје и безбедност на храна.
Светската здравствена организација, која исто така изрази сериозна загриженост во врска со ризикот вакциналниот пасоши да создаде двокласно општество, оваа недела предложи свој „паметен дигитален сертификат“ за кој тврди дека не е дозвола за патување.– Ова е нешто различно од пасошот. Во оваа фаза, ние не поддржуваме вакцинирањето да биде одлучувачко за тоа дали може да се патува во странство или не. Тоа не треба да биде услов, рече Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа и додаде дека за тоа постојат етички, практични и научни причини: Постои глобален недостиг на вакцини. Значи, ова би ја зголемило нееднаквоста, и ако сме научиле нешто од пандемијата на COVID-19, тоа е дека ранливите луѓе се несразмерно погодени.
Клуге, исто така, рече дека не е јасно колку трае имунитетот, што значи дека сертификатот не е гаранција дека лицето може да патува и не е сигурно дали вакцинираното лице може да го пренесе вирусот. Овие проблеми не спречија некои земји да ги направат првите чекори кон сопствените уверенија и здравствени пасоши.
Збунувачки лавиринт од дигитални документи
Израел, кој има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, веќе го користи „зелениот картон“ за отворање ресторани, барови, барови и настани. Данска неодамна предложи нешто слично, велејќи дека тоа е неопходно за да се обезбеди „лето на радост“. Во исто време, некои авиокомпании го прифаќаат сертификатот за да се осигурат дека патниците не го носат вирусот. Австралискиот превозник Qantas започна пробно користење на системот CommonPass што ќе биде потребен за патувања во странство кога повторно ќе се отворат границите на Австралија.
Другите авиокомпании прифаќаат дигиталена пропусница, креирана од Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА) што ќе им овозможи на патниците да вчитаат негативен тест за COVID-19 за полесно да поминуваат низ аеродромите.
Среде овој збунувачки лавиринт на дигитални документи, можно е Европската унија да наметне одредена униформност и јасност за тоа како глобалните граници можат да се отворат во блиска иднина. Но, како што додава поранешната уредничка Мекинтош, веројатно ќе има победници и губитници и нема да има никакви гаранции, особено не на долг рок.
– Правото да не бидат изложени на смртоносна болест ги надминува правата на невакцинираните луѓе. Можеби тоа ќе се промени ако вакцинацијата на крајот доведе до тоа COVID-19 да стане нешто вообичаено како сезонскиот грип, иако и тој сè уште убива стотици илјади луѓе секоја година. Но, нема вакцина што е 100 проценти ефикасна. И вакцинираните луѓе носат одреден ризик, изјави Мекинтош за CNN.