Впечатокот е дека во ниту еден момент автомобилот не може соодветно да се однесува како вистински возач
Веста за воведување на бета верзијата на комплетно независниот систем за управување со автомобилите на Tesla за одредени корисници и не е некое изненадување. Различни верзии на слични системи се достапни со години, во една или друга форма, за корисниците на автомобилите на Tesla.
Со години гледаме разни видеа на кои возачи, кои неодговорно, му ја препуштаат контролата на автомобилот, предизвикувајќи ја својата судбина, но и судбините на другите учесници во сообраќајот. Сведоци сме на зголемен број несреќи поврзани со автономно возење и разни системи за помош на возачот на кои возачите премногу се потпираат.
Ако мислевте дека автономното возење е блиску до реалноста, тогаш ова видео веројатно ќе ве разубеди. Но во моментов многу веројатно е најдоброто видео што ja илустрира реалноста околу системите за самостојно управување. Во 13-минутното видео, се следи Tesla Model 3 со бета верзија на целосно автономниот систем за управување со автомобилот, кој се движи околу Оукленд (САД).
Впечатокот е дека во ниту еден момент автомобилот не може соодветно да се однесува како вистински возач. Проценете и сами.
Извор: Додај Гас