Сите сме користеле инкогнито режим во веб-прелистувачот при пребарување на интернет. Меѓутоа, ако сурфате на интернет анонимно, тоа не значи дека вашите активности се целосно скриени.
На пример, ако користите Google Chrome за инкогнито прелистување на интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, формуларите и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле не се зачувани.
Сепак, сите овие информации сѐ уште може да бидат видливи за вашиот провајдер.
Многу луѓе не знаеја дека „приватно“ и не е баш целосно приватно, па бидејќи сметаат дека Google ги измамил, решија да покренат тужба против овој технолошки гигант.
Минатата година Google побара американски суд да ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека корисниците се согласиле на условите што биле јасно објаснети.
Неодамна се случи нов заплет, кога судијката Луси Кох ја одби жалбата на Google, што воедно значи и зелено светло за покренување судска постапка. Доколку пресудата не е поволна за Google, на компанијата ѝ се заканува казна од најмалку 5 милијарди долари.
Според тужбата, доколку корисниците биле свесни што всушност претставува „инкогнито режим“, многу од нив не би посетиле некои веб-страници. Како одговор на одбиената жалба, Google одговори дека „остро ќе се брани“.
Извор: B92.net