Во текот на денешниот ден, покрај Земјата ќе помине најголемиот годинашен астероид, но научниците изјавија дека не треба да се паничи бидејќи не претставува закана за планетата.
Гигантската вселенска карпа, која научниците ја нарекуваат 2001 F032, има дијаметар од неколку стотици метри и ќе и пријде на Земјата на растојание од околу 2 милиони километри, соопшти американската вселенска агенција NASA.
„Стабилен е, не е на ризична траекторија“, рече Детлеф Кошни, експерт за астероиди во Европската вселенска агенција, додавајќи дека небесниот објект ќе може да го гледаат астрономи-аматери со валидна опрема.
„Ние прецизно го знаеме орбиталниот пат на 2001 F032 околу Сонцето, откако е откриена пред 20 години, и од тогаш го следиме“, изјави Пол Чодас, директор на Центарот за истражување на објекти блиски до Земјата.
Овој астероид, кој кружи околу Сонцето на секои 810 дена, ќе прелета покрај Земјата со брзина од околу 124 000 километри на час.
По безопасната посета во недела, 2001 F032 ќе го продолжи своето осамено патување, не приближувајќи се на Земјата повторно до 2052 година, соопшти NASA.
„Научниците планираат лет за поблиску да го испитаат астероидот. Не знаеме многу за него“, истакна Кошни.
Тој рече дека подеталното разгледување на 2001 F032 ќе им помогне на астрономите кои работат на проекти кои се занимаваат со дефлексии на астероиди.
„Астероидот 2001 F032, со неговата големина може да уништи цела држава“, рече Кошни.
Извор: B92.net
Поврзани артикли