Американската вселенска агенција NASA и приватната вселенска компанија SpaceX потпишаа договор за размена на податоци со цел да се спречат судири на нивните сателити.
SpaceX веќе има повеќе од 1.000 интернет Starlink сателити во орбитата, но тоа е само мал дел од целата констелација што е во плановите на компанијата. SpaceX првично побара дозвола за лансирање на 12.000 сателити, но тој број би можело да се искачи на дури 42.000 за само неколку децении. Со оглед на можноста овие сателити да се судрат со други објекти во орбитата, NASA и SpaceX ќе работат заедно за да спречат тоа да се случи.
NASA веќе работи со други страни кои вршат лансирања користејќи го стандардниот процес Conjunction Assessment, кој го проценува ризикот од блиско и брзо доближување меѓу објектите во вселената, но овој договор ги обврзува двете страни активно да спречуваат судири во наредните години.
Американската вселенска агенција вети дека однапред ќе им обезбеди на SpaceX информации за своите мисии, како и дека нема да ги преместува своите објекти во случај на можен судир. NASA верува дека сателитите Starlink би можеле да бидат оние кои ќе направат потези за избегнување. SpaceX исто така ќе ги користи информациите на NASA за да ги програмира мерките за автоматско избегнување на Starlink, така што сателитите не треба да прават маневри за избегнување. Исто така, SpaceX мора да осигури дека минималното растојание на сателитот Starlink е пет километри над или под највисоката и најниската точка на орбитата на Меѓународната вселенска станица.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли