Американскиот производител на електрични автомобили Tesla инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, недалеку од Берлин, објави германската телевизија ZDF.
Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ZDF во вторникот е точна.
Производството се очекува да започне во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.
Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, исто така, планира да започне масовно производство на батериски ќелии во околината на германскиот главен град.
Фабриката треба да произведува нов вид батерија која ќе има шест пати повеќе енергија, ќе зафаќа помалку простор и ќе троши помалку енергија, велат извори од индустријата.