Според информациите на Bloomberg, iPad Pro линијата веќе следниот месец ќе биде освежена со нови модели. Премиум таблет уредите ќе добијат надграден процесор (A14X), што е во ранг со M1 ARM чипот кој се користи во Mac компјутерите.
Покрај новиот чипсет, се очекуваат и надградени камери и Mini LED технологија на екранот, која најверојатно ќе биде присутна само кај поголемиот 12,9-инчен модел, за да се подобри осветленоста и контрастот на дисплејот.
Друга голема надградба, која се очекува кај новите iPad Pro модели е Thunderbolt конекцијата. Ќе се користи истиот USB-C конектор, а ќе овозможи значително побрз пренос на податоци со компатибилните Mac уреди, монитори со висока резолуција или екстерни уреди за складирање податоци
На крајот, Bloomberg известува дека Apple планира да објави потенок и полесен iPad наменет за студентите, како и нов iPad Mini модел, што ќе има поголем екран од сегашниот 7,9-инчен дисплеј.
Поврзани артикли