Samsung одржа годишен состанок со акционерите во Јужна Кореја, во текот на кој извршниот директор на компанијата, DJ Koh откри неколку информации за плановите за Galaxy Note серијата.
Тој посочи дека компанијата размислува да го прескокне претставувањето Galaxy Note теелфонот за 2021 година, поради сериозната нерамнотежа на глобалниот пазар на мобилни процесори, што значи дека побарувачката за чипови е поголема од постоечката залиха.
Koh посочи дека Samsung сака да претстави нови производи, но поради невообичаената ситуација со чиповите, „тајмингот може да варира“ и дека Note линијата следната година треба да биде достапна навреме.
Аналитичарите предвидуваат дека недостатокот на Galaxy Note модели ќе влијае на испораката на Samsung за околу пет проценти, но позначајно ќе влијае на приходите, бидејќи станува збор за една од најскапите серии смартфони во Galaxy екосистемот.