Брендот на Xiaomi, Black Shark ќе го претстави новиот смартфон наменет за гејмери на 23 март.
Се работи за уредот под името Black Shark 4 кој е во процес на тестирање од јануари, а сега е познато дека ќе биде претставен на 23 март во Кина.
Се очекуваат два модела, Black Shark 4 и Black Shark 4 Pro, а компанијата не ги откри спецификациите. Сепак претходно беше најавено дека ќе има батерија од 4.500 mAh со поддршка од 120W полнење.
Исто така, познато е дека на задната страна ќе има три хоризонтално позиционирани камери, додека пак предната ќе биде сместена на екранот.
Pro моделот доаѓа со 6,67-инчен екран, Snapdragon 888 процесорот на Qualcomm и 8 GB RAM.
Повеќе информации за уредите ќе бидат откриени на официјалното претставување.