OnePlus 9 серијата телефони ќе биде претставена на 23. март, а сега кинеската компанија ги објави главните карактеристики на дисплеите на претстојните модели.
Според наводите од официјалната Weibo страница на брендот, OnePlus 9 серијата ќе користи LTPO панел, со стапка на освежување помеѓу 5Hz и 120Hz. Резолуцијата на екранот ќе биде QHD+, односно 1440p.
Се очекува дека и OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro ќе имплементираат нова технологија на екранот. OnePlus одлучи да го подложи екранот на DisplayMate тестот, каде што доби оценка А+.
Не е изненадување што екранот доби висока оценка, со оглед на карактеристиките што ги има. Покрај горенаведеното, се работи за вистински 10-битен панел со поддршка за милијарда бои и 8192 нивоа на осветлување.
Исто така, LTPO OLED панелите на Samsung се поекономични од обичните AMOLED екрани, што дополнително ја намалува потрошувачката на батерија.
Поврзани артикли