Познатата македонска апликација AirCare (МојВоздух), е прогласена за побединк во категоријата „животна средина и зелена енергија“ на World Summit Awards 2020. Како единствен победник од регионот, таа беше во конкуренција со над 600 пријавени идеи ширум светот кои се натреваруваа за престижната награда доделена од WSA – организација основата од Обединетите Нации.
„WSA победниците комбинираат 2 битни цели – заложување кон остварување на целите за оддржлив развој на ОН и решавање на проблеми во општеството преку паметни апликации. Оценети од интернационална експертска комисија – група со уникатна позадина и диверзитет – 40-те WSA победници беа тестирани за оддрживост, цел, технички и финансиски способности. Овогодинешните предизвици покажаа повеќе од било кога колку дигиталните решенија може да помогнат во прогресот на општеството. Победниците демонстираа високо ниво на посветеност и претприемачки дух.“ вели претседателот на WSA Петар А. Брук.
AirCare е македонска апликација направена од еко активистот Горјан Јовановски во 2014 година, и користи отворени податоци за визуелизирање на аерозагадувањето, со цел да ја подигне свеста околу тој проблем. Денес апликацијата е достапна на повеќе од 45 пазари низ светот, со над пола милион преземања, и има освоено над 20 национални и интернационални награди. Минатата година, Јовановски беше прогласен за Европски млад претпримеач за 2020 година.
„За нашиот мал тим, ваква престижна награда е нешто бесценето. Со години работиме на подигнување на свеста околу аерозагадувањето со помош на технологијата, и признавањето на нашиот труд од огранизација како ОН, е голема чест. Последиците од глобалното затоплување стануваат се поочигледни, и мора да преземеме сериозни чекори кон намалување на загадувањето што го оставаме врз планетата, ако сакаме да имаме зелена иднина за нашите деца и внуци.“ кажа Горјан.
AirCare е достапна за сите Android, Huawei и iOS уреди како бесплатна апликација (https://getaircare.com/download). Нејзината PRO верзија, што отклучува дополнилни можности за следење на аерозагадувањето, е бесплатна за сите македонски граѓани, како подарок од AirCare тимот кон нивната земја.
WSA е организација основана во 2003 година од Обединетите нации, како платформа за препознавање на трудот на локални дигитални содржини и претпримачи кои имаат цел да помогнат во постигнување на целите за оддржлив развој на ОН.